Курти: Би гласал за обединување со Албанија доколку референдумот се спроведе мирно и демократски

0
15

Премиерот на Косово, Албин Курти во интервју за онлајн магазинот „Монокл“ изјави дека во иднина ќе гласа за обединување со Албанија, но само доколку таквиот референдум се спроведе на мирен и демократски начин.

Курти изјави и дека централниот дел од идниот сеопфатен договор меѓу Косово и Србија треба да бидат меѓусебно признати.

„Сега имаме меѓусебно незнаење, а мораме да се познаваме. За таа цел, прво можеме да имаме изјава во која ќе се договориме да не се напаѓаме. Исто така, верувам дека ЕУ е важен фактор што може да обезбеди рамка за идниот договор бидејќи тој мора да се заснова на духот на европските вредности, законот и редот, демократизацијата и справувањето со минатото“, рече Курти.

Тој исто така изјави дека мисли оти за траен мир и стабилност во регионот, најбрзиот и најдобриот пат напред е шесте земји од Западен Балкан да се интегрираат во ЕУ одеднаш, објави „Косово онлајн“.

„Некои не сакаат да влезат во НАТО, но Косово ќе сака. Косово и Албанија се две земји, но ние имаме ист јазик и ние сме еден народ. Кога прогласивме независност, ја прогласивме против Србија, а не против Албанија. Од друга страна, има многу граѓани на ЕУ кои имаат двојно државјанство. Мислам дека има многу кои имаат три пасоши и ги охрабрувам да гласаат во сите земји чие државјанство имаат“, рече Курти.