Масовен протест во Загреб, антиваксерите со автобуси стигнале од цела Хрватска (ВИДЕО)

0
46

Во Загреб денеска се одржа масовен протест против ковид -потврдите и епидемиолошките мерки.

На протестот се собрале околу 15.000 луѓе, барајќи укинување на задолжителните потврди за ковид, кои се во сила во Хрватска во секторите за здравство и социјални услуги, како и во јавните и државните институции, објави хрватски Индекс..

https://twitter.com/i/status/1462079346462580738

Демонстрантите се собраа на две локации, на плоштадот на Француската Република и на плоштадот на жртвите на фашизмот. Од овие места се упатија кон плоштадот Бан Јелачиќ, кој е централно место на протестот, каде се одржаа говори.

Ал Џезира јавува дека демонстрантите пристигнале во Загреб со автобуси од цела Хрватска.