Мицкоски започнува проекти со градоначалниците на терен

0
15

Христијан Мицкоски започнува проекти заедно со скопските градоначалници, по победата на ВМРО-ДПМНЕ во повеќето скопски општини. По Кисела Вода, денеска Мицкоски ја посети Гази Баба каде во Страчинци започна изградба на фекална канализација за 170 приклучоци и пречистителна станица.

Проектот вреден над 5 милиони денари во првата фаза е потпишан од новиот градоначалник на Гази Баба, Бобан Стефковски.

„Ќе бидеме на терен да ги исполнуваме дадените ветувања, вчера бевме во Кисела Вода, сега во Гази баба. нема да критикуваме повеќе и да бараме изговори. Денеска сме овде во Страчинци. Градоначалникот започнува да го исполнува тоа што е ветено пред изборите.

Политичарите треба да ги облечат чизмите и да бидат меѓу народот. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ и новата генерацијата она што го промовира“, рече Мицкоски.