МИЦКОСКИ СО УЛТИМАТУМ ДО ЗАЕВ: ДО УТРЕ ВО 14.30 ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

0
18

ВМРО-ДПМНЕ му даде рок на Заев до утре до 14 и 30 да ја поднесе премиерската оставката до Парламентот. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, рече дека доколку Заев не го исполни ветувањето и не поднесе неотповиклива оставка, тие во текот на утрешниот ден ќе започнат процедура за гласање на недоверба на Владата.

Мицкоски ги демантираше објавите дека пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, нема да го поддржи новото мнозинство во кое е вклучена и Левица. Мицкоски додаде дека Реџепи не ја потврдил таа информација и дека неговиот потпис стои на иницијативата. Мицкоски со одговор и на прашањето што доколку не се изгласа недоверба на владата..

Од СДСМ велат дека информациите кои се појавиле во јавност, дека дел од пратениците кои се потпишале биле злоупотребени, кажува за какви принципи станува збор.

– Со партнери кои се против НАТО, кои се против Договорот од Преспа, кои се против концептот едно општество за сите, против членството во ЕУ, јасна е агендата на Мицкоски. Нема тука никакви политички идеи, никакви вредности, нема политички принцпици, платформа, Мицкоски има само и единствено желба за власт. Конфликтот на ставови, конфликт на политики и конфликтот на вредности на сите овие политички субјекти не може да испорача ништо за интересот на граѓаните, ниту пак за националните интереси на државата. – велат од СДСМ.

Мицкоски денеска имаше средба со новоизбраните градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, каде побара од нив во следните 30 дена да започнат со активности за реализација на најмалку три капитални проекти од инфраструктурен карактер. Воедно, побара и да се откажат од привилегиите, односно злоупотреба на службените возила и паричните средства на општината, како и да бидат во постојана комуникација со граѓаните.