Мицкоски: Ќе го почекаме Заев да ја поднесе оставката, ако не ќе изгласаме недоверба на Владата

0
19

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва изјави дека партиите кои го сочинуваат новото парламентарно мнозинство очекуваат Заев да ја поднесе оставката од премиерската функција, а доколку не го направи тоа, ќе биде изгласана недоверба на владата.

Мицкоски рече дека ќе почекаат до понеделник, бидејќи службите во Собранието не работат за време на викендот. Според него, двете опции се во игра – заев да ја поднесе оставката и да има брзи предвремени парламентарни избори.

Тој додаде дека за сѐ друго ќе разговараат и ќе одлучат.

„Едната опција е ново парламентарно мнозинство кое ќе избере нова влада, а втората е брзи избори“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој не сакаше да одговори на прашањато дали на државата во овој момент ѝ се потребни избори.

Доколку Заев поднесе оставка, во тој случај Собранието само ќе ја констатира оставката на премиерот и со тоа и на Владата. По ова, следи рок од 10 дена претседателот на државата Стево Пендаровски да го додели мандатот на Мицкоски, при што тој како дојаз дека има мнозинство ќе ги приложи собраните потписи за новото мнозинство. По ова во рок од 20 дена Собранието ќе треба са закаже седница за избор на нова влада.

Ако Заев не поднесе оставка, тогаш ВМРО-ДПМНЕ и новото мнозинство ќе ја поднесат иницијативата за недоверба на Владата. Претседателот на Собранието по примање на иницијативата во рок од три дена треба да свика седница за недоверба на Владата.