МОН: Законот кој гарантира континуиран раст на платите на наставниците е блокиран во Собрание

0
18

Министерството за образование и наука ги повикува наставниците и Наставничкиот пленум барањето за зголемување на платите да го упатат до пратениците во Собранието на Република Македонија, каде со месеци е заглавен предлог законот со кој се обезбедува континуиран раст на платите на наставниците.

 

Потсетуваме дека во изминатите 4 години платите на наставниците кои имаат работен стаж од 10 години се зголемени за околу четири и пол пати, односно за 4.000 денари, додека во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ само за 800 денари.

Дополнително минатата година, но и оваа година, блок дотациите кон општините се зголемени за 2%. Во ова зголемување, освен средства за набавка на потребните материјали и средства за хигиена и дезинфекција се предвидени средства за исплата на прекувремените часови работа на наставниците.

Министерство за образование и наука