Научници од Јапонија тврдат дека ковидот се истребил сам себеси: генетичари откриле “грешка“ во мутациите

0
70

Бројките во Јапонија се толку задоволителни што научниците почнаа да истражуваат како оваа земја е единствената во светот со незначителен процент на зараза со делта сој.

Во Јапонија, пандемијата на коронавирус доживеа неочекуван пресврт. Тамошните научници тврдат дека делта сојот се истребил себеси како производ на грешка при мутација. Во Јапонија, во средината на август оваа година, имаше нагло зголемување на случаите на инфекција со коронавирус, а бројките беа повеќе од 23.000 нови инфекции на дневна основа. Во моментов, бројките во Јапонија се намалени на само 170 нови инфекции дневно, а бројките за смртни случаи се едноцифрени. Ваквиот драстичен пад на новите случаи, како и на смртните случаи, се припишува на многу високата вакцинација, прифаќањето на носење маски во јавност, особено во затворени простории, но и на други епидемиолошки фактори. Сепак, некои медицински научници веруваат дека овој пад е единствен во светот.

Изури Инуе, генетичар од Јапонскиот национален институт за генетика, верува дека Јапонија имала среќа што варијантата делта најмногу се искоренила себеси и другите варијанти на корона вирусот.Генетичар и своите колеги веќе некое време ги проучуваат мутациите на вирусот САРС-КоВ-2 и како тие се засегнати од протеинот nsp14, кој е клучен за размножување на вирусот. РНК вирусите, како и новиот корона вирус, обично имаат многу високи нивоа на мутации, што им помага брзо да се прилагодат на промените во околината. Но, ја отвора и можноста таканаречената „катастрофална грешка“, односно лошите мутации да настанат и на крајот да предизвикаат изумирање на одредена варијанта. Што се однесува до јапонскиот петти бран на корона вирус, Инуе верува дека варијантата nsp14 делта не успеала во задачата спречување грешки, со оглед на генетската студија на примероците собрани помеѓу јуни и октомври оваа година.

Спротивно на очекувањата на генетскиот тим, беше забележан недостаток на генетска разновидност во примероците на варијантата nsp14 делта, додека многу примероци имаа генетски промени во областа наречена A394V, која е поврзана со протеинот nsp14. Инуе објасни дека буквално биле шокирани кога го откриле ова.„Делта сојот беше екстремно пренослив во Јапонија и ги замени сите други варијанти. Но, како што се акумулираа мутациите, веруваме дека со текот на времето стана дефицитарен вирус кој повеќе не можеше да се реплицира“, објасни тој. Сепак, она што треба да се забележи е дека во Јапонија повеќе од 70 отсто од населението е целосно вакцинирано и тоа може да биде причина за помал пренос на вирусот, а потоа и слабеење на епидемиолошката слика.

Иако, како и Австралија, Јапонија доцнеше со започнувањето на вакцинацијата против ковид-19, делумно поради тоа што беше зафатена со тестирање на домашно произведени вакцини за безбедност, тоа не ги спречи да ја спроведат вакцинацијата во полн сјај. Надлежните во еден момент дури посочија дека нема доволно обучен кадар за администрирање на вакцините, но и тоа е надминато, па сега огромен број луѓе се имунизирани.

Жителката на Токио, Мајуко Коно, изјави дека животот во градот се враќа во нормала, откако бројот на случаи достигна врв на повеќе од 5.000 дневно. Таа посочи дека е забележлива разликата во начинот на кој Јапонија носеше големи епидемии оваа година кога пристигна варијантата на делта, во споредба со минатата година. „Оваа година можам да одам во ноќен клуб, кафуле, бар или теретана,  лани не можев“, рече таа и додаде дека се е речиси исто како пред корона вирусот, освен што се носат маски.