Најголем раст на новозаболени од Ковид-19 кај младите од 20 до 29 години

0
19
epa08920772 A healthcare worker with vial of the Pfizer-BioNTech vaccine at the Villa Scassi Hospital in Genoa, Italy, 05 January 2021. A second batch of 470,000 doses of the Pfizer-BioNTech COVID-19 vaccine reportedly has arrived in Italy and more than 100,000 people have been vaccinated with it so far in Italy. EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Откако неколку дена се бележеше тенденција на опаѓање, вчера беше забележан повторно раст на заболени од Ковид-19. Беа регистрирани нови 593 случаи, од вкупно 3.391 тестирања, при што повторно најмногу новозаболени има во Скопје. Минатата недела најголем раст на новозаболени имало кај населението од 20 до 29 години.

Од Министерството за здравство соопштија дека по Скопје, најмногу новозаболени има во Куманово и Прилеп – по 39, Битола – 38, Велес – 27, Кавадарци – 25, Кочани – 22, Крива Паланка – 21, Тетово – 20, Штип – 15, Кичево – 10, Неготино и Пробиштип – по 8. Регистрирани се 415 оздравени пациенти, а десет лица починаа.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ, во моментов се хоспитализирани 476 лица, а од нив 248 се на кислородна поддршка и 8 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација. Досега во земјата се направени вкупно 1.390.369 тестирања на Ковид-19.

Со ова, вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 203.298. Бројот на оздравени пациенти е 189.264, на починати е 7.159. Има вкупно 6.875 активни случаи.

Најголемо зголемување на новозаболени од ковид-19 за периодот од 25 до 31 октомври има во возрасната група од 20-29 години, а тоа е 11,4 отсто повеќе во однос на претходната недела, покажува статистичкиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Во наведениот период тестирани се 20.976 материјали, со намалување од 2,3 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани се 2.804 нови позитивни случаи од 32 градови во државата со зголемување од 3,7 отсто во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 9,9 до 16,0 проценти, просечно 13,2 проценти.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци и Крива Паланка.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60, а најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9.