Најнова анкета на CRPC: Беким Поцеста од Алијанса на Албанците и Алтернатива води во Дебар

0
39

Дебарчани на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 14 ноември поголема подршка ќе му дадат на кандидатот од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива Беким Поцеста Анкетата што ја спроведе Центарот за политички истражувања и комуникации CRPC на 195 испитаници во Општина Дебар ги даде следниве резултати.

За Поцеста од коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива би гласале 43,58% од вкупниот број испитаници или во бројки 85 гласачи. За неговиот противкандидат пак Хекуран Дука од ДУИ би гласале 42,05 % од вкупниот број испитаници или во бројки 82 гласачи.

Маргината на грешка на анкетата е од 2,5 до 3 %