НЕВООБИЧАЕНА ГЛЕТКА: Чешкиот претседател Милош Земан ставен во стаклена кутија поради зарзата со ковид

0
15

Чешкиот претседател Милош Земан, кој вчера го назначи Петар Фиала за нов премиер, предизвика посебно внимание во медиумите бидејќи за време на именувањето тој бил во стаклена кутија во која го ставиле здравствени работници облечени во целосна заштитна опрема.

Земан, кој со недели беше во болница поради болест која нема никаква врска со Ковид, минатата недела беше тестиран за корона вирус и резултатот е позитивен.

По изборите во Чешка, Земан заврши во болница и таму помина повеќе од шест недели. Медиумите пишуваа дека тој се лекувал и на одделението за интензивна нега поради проблеми со црниот дроб и други посериозни здравствени проблеми. Тој беше пуштен од болница во саботата бидејќи немал никакви симптоми на корона вирус, но условот бил да остане во карантин. Земан (77) три пати бил вакциниран против корона вирус.