Нема договор Заев-Гаши, разговорите продолжуваат следната недела

0
15

Без конкретен договор заврши средбата меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши за стабилизирање на владејачкото мнозинство и влез на оваа партија во Владата. Двајцата политичари се договориле предлозите ставени на маса на оваа средба да ги презнетираат пред партиските тела и да одлучат дали разговорите ќе продолжат.

Две прашања биле клучни за соработкатта: можниот датум за почеток на преговори со Унијата да биде дочекан со стабилна Влада и второ измена на програмскитецели согласно барањата на Алтернатива.

Проблем за можната соработка е и поделеноста во Алтернатива дали треба да влезе во влада со СДСМ И ДУИ имајќи пред вид дека партијата минатата недела беше дел од инцијативата за рушење на оваа влада. Гаши тврди дека разговирите со заев се врз принципи, а за ресори се уште не се разговара.

Она што е сигурно по оваа средба е дека доколку биде договорно ново мнозинство тоа ќе биде со нов мандатар бидејќи по тоа Заев ќе ја ефектуира оставката. тој јавно побара во вторник Извршниот одбор на СДСМ да ја почне постапката за избор на нов лидер на партијата. Но, Заев не сакаше да открие дали свој наследник гледа во Димитар Ковачевски со кој неочкувано дојде на средбата.

Одлучувачките одлуки двете партии ќе ги носат во вторник. Доколку се решат дека се подготвени за соработка идните разговори меѓу СДСМ и Алтернатива ќе продолжат кон крајот на наредната недела.