Нема кворум за паѓање на владата – Џафери порача дека нема тој да прави мнозинство за иницијатива која не ја поддржува

0
21

Нема кворум за почеток на седницата на македонското Собрание. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, при броењето на пратениците доволни за кворум и почеток на седницата, констатираше дека нема доволен број присутни. При првото броење присутни беа 56 пратеници, потоа пак 55.

Се надевам нема да има пријава за биолошки тероризам овој пат, вака Претседателот на Собранието , Талат Џафери, го искоментира присуството на тројцата пратеници од опозицијата, кои присуствуваат на денешната седница во скафандери, заради Ковид протоколите

Џафери потоа прогласи 10 минутна паза за да пристигне потпретседателот на Собранието од движењето Беса, Фадиљ Зендели, коментирајќи дека тој не е подржувач на иницијативата и нема да прави кворум за опозицијата.