Непознат човек ги запалил куќите на татко и син од Куманово

0
34

Непознат човек влегол и им ги запалил куќите на татко и син од Куманово.

– На 20.11.2021 во 01.05 часот К.М.(24) од Куманово пријавил дека непознат сторител предизвикал пожар во неговата куќа и куќата на неговиот татко. Пожарот бил изгаснат од сопствениците на куќите. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, информираат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.