Никола Димитров е кандидат за технички премиер на новата влада?

0
14

Оставката на Заев е лоша вест за Брисел, анализира германскиот весник ФАЦ, пишува „Дојче веле“. А пак, прогнозата на весникот е дека Никола Димитров е кандидат за технички премиер на новата влада.

Во однос на идниот развој на ситуацијата во земјата, ФАЦ проценува дека се можни три сценарија: актуелното мнозинство да продолжи да владее со нов премиер; да се формира техничка влада која на одреден период би ја предводела земјата. За втората варијанта, весникот пишува дека кандидат за премиер е поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров. Третата варијанта се предвремени избори, кои според ФАЦ, ги турка лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пишува „ДВ“.