Нови паркови наместо згради најавува Муцунски во Аеродром

0
16

Муцунски почна со чистење на сметалиштето кај последна 5ка во ново лисиче, на  оваа локација најави дека ќе има  нов мега парк кој ќе биде еден од најголемите во Скопје. Во Аеродром се стопирани две градежни маркици во реонски центар каде било планирано да се гради општинска и станбена зграда. Во тек е проверка на уште неколку маркици за кои постои можност да бидат пренаменети. Градоначалникот најави дека за општинска зграда ќе се бара друга локација а во меѓувреме ќе биде обезбеден попристапен објект.

Проектот го презентираше заедно со градоначалничката  на Скопје, која рече дека отпочнуваат процес  за расчистување на сите поголеми диви депонии па и на депонијата Вардариште. За бесплатниот јавен превоз рече дека почнале со ревизија на договори и буџетот и само за три дена наишле на сериозни предизвици.

На обвинувањата кои беа упатени до до Муцунски од претседателка на Советот на Град СКопје дека ноќеска поради безбедносниот хаос кој владеел во општината  и го оштетиле автомобилот, тој одговори со  осуда но рече дека вината ја гледа во МВР. Тој до сега два пати го побарал  началникот на полициската станица заедно да направат обиколка на терен каде граѓаните се соочуваат со безбедносен проблем  но се уште  не добил одгово