Општина Тетово започна со реализација на 100 – дневниот план на Општината

0
23

Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами со изјава за повеќе медиуми денес истакна дека започната е реализацијата на 100 дневниот план на Општина Тетово

-Во 100-дневениот план што го презентиравме пред пошироката јавност, е и отстранувањето на велосипедските патеки, бидејќи тие се поставени спротивно со законот. Така што, денеска решивме да ги отстраниме столбовите за велосипедски патеки.Поставување на нови велосипедски патеки ќе се врши согласно законот и европските стандарди, рече Касами