Османи – Се работи да се идентификуваат жртвите и останките да се пренесат во Скопје

0
16

Министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, кој е во Бугарија, по автобуската несреќа, вели дека работи на тоа да им ја олесни комуникацијата на семејствата на жртвите и институциите во Бугарија, за да може да се забрза процесот на идентификација на жртвите. Тој денеска ги посетил и повредените кои се сместени во болницата „Пирогов“ во Софија, по што даде изјава за новинарите.

Османи повтори дека се испратени двајца искусни дипломати-конзуларци во Амбасадата во Софија за да можат да им помогнат на луѓето. Министерот вели дека многу е важно сè да се заврши навремено и луѓето да бидат информирани.

Тој потврди дека имаат помош од бугарските власт и се во постојана комуникација.

Запрашан во врска со истрагата, тој посочи дека е таа започната од институциите во Бугарија.

„Мислам дека институциите во Бугарија ја имаат започнато. Тука се и нашите експерти и доколку треба да помогнат, тука се и експертите од судска медицина. Очекуваме да бидат вклучени во процесот на идентификација. Важно е семејствата да бидат информирани на време и што побрзо да се заврши овој процес за да може посмртните останки на настраданите да ги пренесеме во Скопје“, рече Османи.