Петнаесет ерменски војници убиени во судир со азербејџанската војска

0
22

Ерменија претрпе жртви и загуби две борбени позиции во судир со азербејџанските сили, објави денеска руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на ерменското Министерство за одбрана.

Азербејџанското Министерство за одбрана, пак, соопшти дека го потиснале ерменскиот контранапад.

Претходно, Ерменија побара помош од Русија за одбрана на нејзиниот територијален суверенитет, наведувајќи го тешкиот конфликт меѓу азербејџанските и ерменските сили на границата.

Последниот конфликт е продолжување на тензиите меѓу двете земји, кои минатата есен се бореа за превласт во регионот Нагорно-Карабах, енклава на територијата на Азербејџан каде Ерменците се мнозинство и која веќе беше сцена на крвава војна во 1990-тите.

Повеќе од 6.000 луѓе беа убиени во минатогодишниот конфликт, а тој заврши со пораз на Ерменија, која мораше да се откаже од контролата врз голем дел од енклавата.