Повторно откажа еден блок во РЕК Битола

0
19

Блок 2 во РЕК Битола повторно е надвор од системот откако ноќеска во 2:45 бил ставен на мрежата на електроенергетскиот систем. Според информациите , блокот 2 откажал утрово и во моментов РЕК Битола повторно работи само со еден термален блок.

Од ЕСМ се уште нема официјална потврда на оваа информација. Од таму утрово само соопштија дека на депонијата има доволно јаглен и дека стручниот тим работи на оспособување на трафостаницата на блок3 кој беше оштетен во пожарот пред десетина дена.