Поддржан од Левица но и од ДУИ актерот Зоран Љутков од ВМРО-ДПМНЕ е избран за претседател на Советот на Велес

0
16

Зоран Љутков е изгласан со 14 гласа за претседател на Совет. За него гласаа 10 советници на ВМРО-ДПМНЕ, 3 на Левица и 1 советник на ДУИ.

Еден советник на ВМРО-ДПМНЕ не беше присутен на седницата заради здравствени причини.

Љутков беше носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија која што на локалните избори освои 11 советнички мандати.

Зоран Љутков е роден на 1.10.1977 во Велес. Тој е македонски театарски, филмски и телевизиски актер, вработен во Драмскиот театар во Скопје.

Учествувал на неколку меѓународни театарски фестивали, работилници и филмски и ТВ-проекти. Добитик е на бројни награди.

Љутков е претседател на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.