Починаа 18 заразени од Ковид-19, најмладиот на 35 години

0
28

Во изминатите 24 часа регистрирани се 18 починати лица.

-Од починатите 7 починати лица се од Скопје (92г, 90г, 88г, 76г, 72г, 70г и 35г), по 2 починати лица од Валандово (70г и 64г), Кавадарци (74г и 71г), Крива Паланка (88г и 78г), и по едно починато лице од Куманово (62г), Струмица (78г), Свети Николе (86г), Велес (66г) и Тетово (49). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови, информираат од Министерството за здравство.

Во однос на 35 годишното починато лице од Скопје, од Министерството за здравство велат дека истото е со дијагноза Sy anxyosum, Obesitas, HTA и шизотипно растројство, а 49 годишното починато лице од Тетово е со дијагноза HTA и St post Tromboflebitis, пациентката била на антикоагулантна терапија.