По речиси еден месец: Министерот Филипче за утре закажа прес конференција

0
22

По речиси еден месец, министерот за здравство Венко Филипче утре ќе одржи прес конференција во медија центарот на Владата.

Прес конференцијата е закажана за во 12 часот

Инаку, како што објави ТВ21 претходно, министерот Филипче последен пат во јавност се појави на 13-ти октомври, a веќе некое време нема свикано прес-конференција во врска со епидемиолошката состојба со Ковид-19.

По неговиот последен настап, беше виден на кампањата на СДСМ навивајќи за кандидатите.

Во неговото последно излагање, призна дека интересот на граѓаните за вакцинација е намален, но не беше конкретен во одговорот на прашањето – кои мерки ќе ги преземе за подобрување на процентот на имунизација.

Додаде дека ќе продолжи со друга кампања за да ги сензибилизира граѓаните, но досега нема ништо од најавената кампања