Природата дава, тетовци уништуваат – Термалните води во Бањиче исчезнуваат поради негрижа

0
19

Бањиче, самото име на рекреативната зона сместена на Шар Планина на неколку километри од Тетово, говори дека ова место изобилува со природни извори со минерална и топла вода. Но, ако продолжи невниманието на граѓаните и институциите ќе секнат изворите, а таа еколошка кастастрофа веќе се случува на терен.

Неодамна кога се асфалтираше патот кој води кон Шипковачко Теќе беше уништен изворот со минерална вода од која тетовци со векови полнеа, а нивното верување е дека таа помага за психички болести и нервни растројства. Се работеше се извор чија вода истекуваше од мала цевка вдлабната во карпа. Изворот беше лоциран точно покрај патот, кој кога се асфалтираше сиот земјен материјал и градежен шут се истураше врз изворот, кој се затрупа и за неколку дена згасна и замина во историјата.

За ова уништување на природните вредности на Шара каде тетовци гледаа надеж за нивното здравје, никој не понесе одговорност.

Целата сторија на ММС на линкот подолу

Природата дава, тетовци уништуваат – Термалните води во Бањиче исчезнуваат поради негрижа