Радев по победата на изборите: Новата Влада не треба да отстапи од националните позиции за Северна Македонија

0
42

Новата Влада не треба од отстапи од националните позиции особено кога залогот е бугарскиот идентитет и историја и правата на нашите сонародници зад граница, порача актуелниот претседател на Бугарија, Румен Радев, во првата изјава дадена по победата во вториот круг од претседателските избори на кои освои втор мандат.

Тој, на оваа тема, остана само на оваа една реченица, без да ја дообјасни или да изнесе други детали.

Инаку, новата бугарска влада најверојатно ќе ја сочинуваат „Продолжуваме со промените“, „Демократска Бугарија“, Бугарската социјалистичка партија и ,,Има таков народ” на Слави Трифонов. Првенците на сите овие партии изразија подготвеност уште веднаш да почнат преговори за што поскоро да се формира политичка влада, која ќе го замени техничкиот кабинет на Стефан Јанев, предложен од шефот на државата Румен Радев.

Еден од двајцата челници на победничката коалиција „Продолжуваме со промените“, Кирил Петков, кој најсериозниот кандидат за иден премиер, во својата прва изјава откако беше обелоденето дека ќе ја преземе одговорноста да ги утврди заедничките програмски цели и кадровска структура на идната бугарска влада, најави сосема нов пристап во односите со Северна Македонија, во кој доминантна ќе биде економијата, а не историјата.

„Треба веднаш да направиме заеднички работни групи, но тие нема да бидат составени само од историчари, туку и од луѓе од бизнисот, од културата, од образованието, за да не зборуваме само за историја туку за се што може да придонесе за добробитта и за зајакнување на добрососедските односи“,

рече потенцијалниот бугарски премиер.

Прашан дали Бугарија ќе го симне ветото на 14 декември, Петков не сакаше да даде конкретен одговор, но укажа дека треба да се направи „работен процес“ и дека без него не може да се зборува за конечниот резултат. Тоа, според Петков, ќе биде најголемиот и прв приоритет на бугарската дипломатија.