СДСМ ја остава отворена можноста повторно да не ја прифати оставката на партискиот лидер

0
15

Раководството на СДСМ ќе се обиде да не дозволи Зоран Заев да замине од лидерската функција во вторник, кога ќе заседаваат партиските органи. Потпретседателот на партијата, Оливер Спасовски, најавува дека оставката на Заев можеби нема да биде прифатена, па дури и да се одложи за одредено време. Во исто време, Спасовски не очекува многу кандидатури за лидер на партијата.

Истото го мисли и генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. Според него, постапката за лидерот на партијата ќе биде транспарентна, а право на кандидирање имаат сите кои нудат социјалдемократска програма и визија.

Според статутот на СДСМ, предвремените внатрепартиски избори мора да се распишат во рок од 15 дена од крајот на мандатот на лидерот на партијата.

“Одлуката за распишување предвремени избори ја носи извршниот одбор на партијата, во рок од најмногу 15 дена од завршувањето на функцијата“, стои во Статутот на СДСМ.

Социјалдемократите на последниот состанок на партиските тела одлучија Заев да го пролонгира депонирањето на оставката се додека не се создадат услови за проширување на парламентарното мнозинство.