СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ: ПЦР ТЕСТОВИТЕ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ДА ГИ ПЛАЌА ДРЖАВАТА

0
35

Компаниите немаат пари да го покриваат задолжителното тестирање за работниците, финанскиската состојба не им го дозволува тоа – реагираат од Сојузот на Стопански комори.

Оттаму велат, ако Владата да ја спроведе оваа мерка тогаш би требало и трошокот да биде на  нејзин терет.

Од Сојузот на синдикати пак децидни – товарот за тестирање во никој случај не треба да биде на товар на работниците, туку на работодавачите.

Министерот Венко Филипче за Телевизија 24 порачува дека се губи смислата на мерката доколку некој друг ја плаќа. Ресорниот министер тврди дека ја поддржува мерката за два дена слободни по вакцинација, како стимулативна мерка, но сепак за сите позиции ќе одлучува Владата.