Со пиштол им се заканувал на полицајци на избирачко место

0
22

Два дена по изборите, МВР соопшти дека полицајци биле нападнати од поголема група луѓе на избирачко место во Скопје-Север во општина Чаир.

Еден од групата ги нападнал физички полициските службеници, додека друг направил посериозно и потешко дело, извадил пиштол и им се заканувал.

Инцидентот се случил околу 17:30 часот во недела во Центарот за рехабилитација во населба Скопје Север каде се наоѓале 4 избирачки места. Досега нема кривични пријави, а МВР најавува расчистување на случајот.

Еве го соопштението на МВР:

На 31.10.2021 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 17.30 часот на избирачко место бр.2955, 2955/1, 2956, 2956/1 во Центар за рехабилитација во нас.Скопје – Север, додека полициски службеници вршеле обезбедување на избирачкото место, биле нападнати од И.Т.(42) од Скопје, заедно со повеќе лица, меѓу кои и И.Љ(39) од Скопје, кој со пиштол им упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.