ССНМ и ЗНМ побараа брзо усвојување на измените со кои напад врз новинарите станува напад врз службено лице

0
16

Медиумските здруженија во Македонија, меѓународниот ден на за ставање крај на неказнивоста на нападите врз новинарите денеска го одбележаа со испраќање порака до пратениците, јавното обвинителство, судството, но и другите надлежни институции дека нападите врз новинарите, снимателите и фоторепортеритре се напади врз слободата на говорот и правото на слободно информирање на јавноста, потсетувајќи на сите случи на напади врз новинарите кои не добиле институционална разрешница или биле несоодветно истретирани, како што беше нападот врз новинарите на крвавиот четврток.

Новинарскиот синдикат и ЗНМ побараа што побрзо носење на измените на кривичниот законик со кои напад врз новинарите ќе се третира како напад врз службено лице.