Старец се самоуби откако скокна во Вардар

0
20

Идентитетот на мажот кој вчера се удави во Вардар е утврден и станува збор за 77-годишен гостиварец. Неговото безживотно тело беше пронајдено во близина на мостот меѓу Старо Чајле и Форино.

Очевидец по телефон ја известил полицијата дека маж скокнал од железничкиот мост под старата кланица, а неговото тело водата го однела по течението на реката.

Инаку безживотното тело е пронајдено со повреди на главата, најверојатно здобиени од падот, а мотивите засега се непознати зошто старецот се одлучил на ваков акт.