Таравари: Бандити од ДУИ ми упаднаа дома и се закануваа, немав каде да пријавам

0
20

Не паметам да му се има случено ваков пораз на претседател на политичка партија во последните 30-тина години, рече вечерва старо-новиот градоначалник на Гостивар и генерален секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари. Тој додаде дека лично мисли оти Заев ќе се премисли во однос на оставката, „имајќи предвид дека тој е познат по тоа што не стои на дадениот збор“.

„По ваквиот пораз, не знам дали имало некој претседател на партија последните 30 години и од морален апсект убаво направи, иако јас пак мислам дека може да смени ставови, бидејќи Зоран Заев го знаеме како човек кој што во текот на денот знае да каже различни нешта и да не стои на својот збор. Меѓутоа, му се случи изборен дебакл“, вели Таравари.

Тој додаде дека состојбата во државата е многу полоша во однос на претходно, укажувајќи дека доколку изборите во Гостивар биле фер и демократски, тој ќе победел со 10.000 гласови разлика и додавајќи дека директорот на финансова полиција „се заканува на фирми и компании“.

Таравари откри дека четири лица од ДУИ му упаднале во домот и му се заканувале, за што го известил и министерот за внатрешни работи од СДСМ Оливер Спасовски, но добил одговор да пријави во гостиварската полиција.

„Вие во моментот нема каде да пријавите ако ви се случи нешто. Еве јас сум имал закани по живот, дојдоа четири бандити на ДУИ во куќа кај мене, фатени под камера, нема каде да ги пријавиш. Ако ги пријавиш во Гостивар, тоа е како да ги пријавиш во Мала Речица. Јас лично пријавив кај министерот и знаете што ми кажа, пријавете во полициска станица. Ако доаѓаат во куќа кај градоначалник пред три месеци, замислете што можат да направат на обичен граѓанин. Да имаше фер и демократски избори во Гостивар разликата ќе беше 10.000 гласови, изјави Таравари.