Тие кои земале паушали и хонорари, а не оделе на работа веднаш да се одјават“ – Предавањето на градоначалничката функција во Тетово без почитување на здравствените протоколи

0
15

По 8 години владеење во Општина Тетово, Теута Арифи го напушти објектот на локалната самуправа, па по четири дена од победата, новиот градоначалник од редовите на Беса, Биљал Касами седна на градоначалничката фотелја и си подадоа рака. Арифи не сакаше настанот да го политизира, оти, како што рече, не сака да остави црна дамка на примопредавањето, кое според неа, не се случило две децении во ваква европска и демократска атмосвера

Но, голема дамка на примопредавањето како и на доделувањето на уверенијата на новите советници, остави непочитувањето на здравствените протоколи во време на пандемија. И кога се доделуваа уверенијата, но и кога му се додели мандатот на новиот градоначалник Касами, речиси никој не носеше заштитна маска, а во салата на општината како и во холот на кабинетот на градоначалникот каде имаше стотици граѓание невозможно беше да се одржува социјалната дистанца. Маска на лице имаа само дел од новинарските екипи и неколку советници, од кои еден од нив доктор по професија.

Како ќе работи новиот советнички состав и кабинетот на чело со градоначалникот останува да покаже времето. Но, првиот ден очигледно потфрлија сите, ако се земе предвид апелот на здравствените работници од Тетово, кои стравуваат од нов бран земајќи го за пример лошото искуство од соседните земји, но и поминатото лошо искуство на Тетово изминатово лето со голем број заболени и починати од Ковид 19, рече еден жител на Тетово кој на социјалните мрежи го следел во живо примопредавањето.

Досегашната градоначалничка Теута Арифи се заблагодари на, како што рече, нејзината општинска администрација, му честита на новиот градоначлник и додаде дека се надева ќе ја гледа општината како се движи во вистински правец.

Новоизбраниот прв човек на општината, Касами, пак, на првата прес конференција побара тие кое што не оделе на работа, а земале хонорарни паушали веднаш да се одјават, но најави и унапредување на сите кои чесно и одговорно ја вршеле работата. Најави скенирање на актуелните состојби во општината со ангажирање на специјалисти од надвор.

Граѓаните треба да знаат како се трошат нивните пари. Граѓаните мора да знаат колкав долг има нивната општина. Транспаренстноста почнува од тука, кој злоупотребил јавни средства ќе одговара. Ќе ја скенираме работата на јавните претпријатија ќе поставуваме нови раководни лица на овие претпријатија, истакна Касами.

Касами кој рече дека советничката листа ќе го има мнозинството во советот, а сите советници како што дополни ќе работаат во интерес на општината и реализација на проектите до зградата на општината од населбата Горна Чаршија каде што живее дојде пешки, за како што најави да покаже личен пример за ублажување на сообраќајниот хаос, аерозагадувањето и проблемот со паркинг местата.

ММС