УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА ВО БУГАРИЈА ДЕВЕТ ЛИЦА ПОЧИНАА ВО ПОЖАР ВО СТАРЕЧКИ ДОМ

0
84

Деветмина загинати во пожар во дом за стари лица во Бугарија…несреќата се случила во селото Ројак на североистокот на државата а пожарот го преживеале педесетмина.

Се уште се утврдуваат причините кои довеле до несреќата а од бугарското министерство за внатрешни засега ја отфрлаат можноста дека пожарот бил намерно подметнат…Според првичната истрага, пожарот најверојатно избил во една од собите каде бил сместен системот за греење…

„За жал, девет лица ги загубија животите од 58-те кои беа во домот во моментот на пожарот. Во моментов оние кои преживеаа се сместени во училишниот двор и се во добра состојба. Луѓето ќе бидат превезени со училишни автобуси до општинскиот хотел во село Аспарухово.“ – изјави Георги Георгиев градоначалник на Далгопол.

Според преживеаните, пожарот избувнал од покривната конструкција на зградата и за брзо време го зафатил третиот спрат од одбејктот… Во евакуацијата учествувале и многу мештани кои ги слушнале врисоците на постарите жители и дошле на помош..

„Пожарот избувна на најгоре на објектот. За брзо време се прошири. Сакавме веднаш да избегаме но видовме дека во домот уште има лица кои моравме да ги извадиме.“ – изјави Радко Радев – жител на домот за стари лица.

„Бев надвор, пушев цигара. Во еден момент излезе медицинската сестра и рече дека има пожар. Најпрво се гледаше само чад а по некое време можеше да се види и пламенот.“ – изјави Васил Василев – жител на домот за стари лица.

Од бугарските социјални служби сега вршат проценка и лицата ки ги исполнуваат условите ќе бидат пренесени во државните пензионерски домови.