Филипче кажа колкав е процентот на хоспитализации споредено со претходните бранови на пандемијата

0
18

Процентот на хоспитализирани лица во однос на вкупниот број дијагностицирани во споредба со претходните бранови на пандемијата е намален, односно од 8 000 активни случаи во земјава, хоспитализирани се  518 пациенти, информираше на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Причините за ова може да се бараат во неколку фактори, прво поголемиот број на помлади лица коишто се и лица коишто се заболени, но се вакцинирани, што значи дека имаат полесна форма на болеста и нема потреба за хоспитализација“, рече Филипче.