(Фото) Жена по 3 децении од независноста на Македонија ќе го води Скопје: Ова се сите градоначалници на главниот град по ослободувањето

0
35

Вчера се одржаа локалните избори во Македонија, а во трката за градоначалник на град Скопје беа Данела Арсовска и Петре Шилегов.

По завршувањето на локалните избори, град Скопје доби градоначалничка првпат по три децении од независноста на земјава, откако независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Данела Арсовска го победи противкандидатот Петре Шилегов кој раководеше со градот во изминатите четири години.

Жена – по цели три децении од независноста на земјава ќе ја води метрополата.

Интересен факт е тоа што последната жена на оваа позиција Скопје ја имало во 1948 година.

Инаку, Арсовска е 26-от градоначалник на Скопје по ослободувањето на градот во 1944 година.

Првиот градоначалник на Скопје по неговото ослободување бил Лазар Танев, а инаку прв градоначалник на Скопје бил Спиро Китинчев во периодот од 1941 – 1944.

Во прилог на досега кажаното, на Фејсбук групата „Стари скопјани“ објавена е колаж фотографија од сите градоначалници на Скопје во последните 77 години.

Погледнете ја фотографијата: