Централниот одбор на СДСМ ја констатираше оставката на Заев, партиските избори ќе се одржат на 12 декември

0
30

Централниот одбор на СДСМ ја констатираше поднесената оставка на претседателот Зоран Заев и донесе одлука за распишување на непосредни избори за претседател на партија.

Изборите ќе се одржат на 12 декември а постапката за поднесување кандидатури започнува утре и ќе трае 7 дена. Според статутот на СДСМ право на кандидирање имаат сите членови на партијата.

Заев го информирал ЦО дека парламентарното мнозинство во моментов изнесува 61 пратеник, дека стабилно и очекува во идниот период да се зголеми.

Не се дискутирало дали новиот претседател ќе биде и нов мандатар.