Што Бугарите бараат од нас? Одговара Пендаровски во #ClickPlus

0
18

Со претседателот Стево Пендаровски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 дебатираме и за барањата од Бугарија. Пендаровски коментираше и за барањето на Бугарите. Во последно време се споменува и вметнување во Уставот, што според Пендаровски, нема да се реши проблемот.

„И да се решиме да го отвориме Уставот, нема да се реши проблемот. Секое отвореање на Уставот секогаш е пандорина кутија. И да решиме, не е тоа проблемот. Бугарија го спори, до скоро нашиот идентитет, нацијата и јазикот. До 1944 не биле Македонци, и тоа го знаеме. Тоа е јадрото на бугатското барање

Сега видоа дека таа реторика околу историјата на Балканот, кој бил и што бил пред Втора светска после Прва светска војна, не поминува. Не постои лидер кој не ме прашал за бугарското барање. Јас почнувам да зборувам за Гоце Делчев и за историското ВМРО… и тие ми велат дека не знаат што зборувам. И тоа барање сакаш да го продадеш на некој Германец, и тоа не оди. Затоа во последните месец, два, три се менува реториката и се зборува за дискриминација на Бугарите. Тоа е легитимна тема, но затоа што на почетокот не го зборувавме. Тоа можевме да го решиме. Никој не смее да биде дискриминиран по таа основа, но зошто до сега не го зборувавме?“, прашува Пендаровски.