Ја обљубил својата малолетна полусестра: Гостиварец обвинет за родосквернавење

0
19

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 18-годишен жител на селото Сенокос, општина Врапчиште, кој се товари дека сторил кривично дело – Родосквернавење од член 194 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-На 15 јули, обвинетиот со употреба извршил обљуба врз неговата полусестра, родена 2009 година. Иако оштетената за цело време викала и плачела, тој ја одвлекол и извршил обљуба со употреба на физичка сила. Потоа и’ се заканил на оштетената дека доколку каже на родителите, повторно ќе и го направи истото – се посочува во денешното соопштение од Обвинителството.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​​