Јовановска: Заев не може сам да одлучува за оставка

0
20

Заев има одговорност и кон коалициските партнери и неговата одлука ги загрозува и нивните позиции, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат новинарката Слободанка Јовановска. Како што оцени таа, одлуката за оставка Заев не може да ја донесе сам

Мислам дека Заев има политичка одговорност кон партнерите. Дека не може сам да носи таква одлука. На некој начин ја загрозува и нивната политичка позиција, ја загрозува владата во којашто тие се во моментов, а освоија многу гласови на изборите. Така што, мислам дека тоа не е одлука што може сам да ја донесе“, вели Јовановска.