5 од 45-те жртви во трагедијата во Бугарија се од Тетово

0
32

Петмина од 45-те жртви во трагедијата во Бугарија се од Тетово, пишува Алсат.

Меѓу овие пет лица е и 23-годишната девојка која со своето момче од Кичево била во Истанбул.

Потсетуваме дека 45 лица, претежно државјани на  Македонија, загинаа откако автобусот во кој се наоѓале бил зафатен од пламен на автопат во западна Бугарија.

Меѓу жртвите има 12 деца, додека седум ја преживеале несреќата и се испратени на лекување во болницата во главниот град Софија, изјави Николај Николов од бугарското МВР.