Анкета: Повеќето Албанци го поддржуваат „Отворен Балкан“, се надеваат на повеќе туристи

Albanija,Tirana, trg skenderbeg 0409 2008,snimioD.MILOVANOVIC

Две третини од Албанците сметаат дека иницијативата „Отворен Балкан“ е во интерес на Албанија, покажува истражувањето на албански „Еуроњуз“ за ставовите на албанските граѓани за иницијативата.

Истражувањето покажало и дека граѓаните на Албанија имаат позитивно мислење за иницијативата „Отворен Балкан“, односно дека 44 отсто од нив сметаат дека „Отворен Балкан“ ја забрзува европската интеграција на регионот, пренесува „Косово онлајн“.

Повеќе од половина, или 54 отсто, веруваат дека иницијативата ќе го зголеми бројот на туристи од регионот кои ја посетуваат Албанија, со што ќе ја поттикне економијата на земјата.

Истражувањето беше спроведено заеднички од страна на специјализираната компанија за истражување на јавното мислење МРБ и Албанскиот истражувачки центар од 20 до 30 ноември 2021 година, во директен контакт со 1.000 испитаници низ Албанија.