Ахмети – Затворите во напредните земји вријат од затвореници, кај нас тие се малцинство

Земјата нема потреба од предвремени избори, оти треба да се работи на решавање на важни проблеми, а прашање е дали друга колацијата ќе биде подготвена за овие предизвици, посочи претседателот на ДУИ Али Ахмети, по завршувањето на предновогодишната средба, која ја одржа со медиумите во партиското седиште во Мала Речица. Тој најави дека и наредната година спроведувањето на ветингот ќе биде еден од поголемите приоритети на ДУИ

 Ако сакаме да имаме стабилна држава, која треба да работи за што поскоро членство во Европската Унија и решавањето на препреките за да се изоди овој пат, во моментов нема никаква потреба од превремени парламентарни избори, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети. Во процес сме на решавање на многу емотивно прашање, а тоа е бугарското. Секоја друга коалиција која би произлегла од нови избори, не би била подготвена да се соочи со овој предизвик, каде има напредок, вели Ахмети

-Сметам дека прашањата се унапредени. Досега ги имавме предвид тешкотиите со кои се соочуваше Бугарија со изборите и со одолжувањето на формирање на парламентарно мнозинство и основање на институциите.  Разликите се доближени, а тоа е помогнато од страна на меѓународната заедница, кои се заинтересирани да има мир и стабилност. Се надевам дека во месеците пред нас овој проблем ќе има епилог, но ниту нашите, ниту бугарските, не треба да политизираат со ова прашање и да не вметнуваат емоции,  рече Ахмети. 

Ахмети истакна дека ДУИ нема да се откаже од ветингот и се до неговото спроведување ќе биде еден од главните приоритети. На Запад и Америка полни се затворите со функционери, кај нас тие се во многу мал број.  

-Во однос на ветингот ние сме разговарале со цивилното општество. Чистотата на луѓето кои ја водат државата треба да започне од политиката, од судството, од обвинителството , од полицијата. Моја проценка е следната, има илјадници  фунцкионери во САД и ЕРВРОПА кои се затворени, а кај нас функционерите се малцинство во затворите, рече Ахмети

Тој дополни дека разговарал со новиот претседател на СДСМ Ковачевски, кој како што рече е искусна личност и на чело со него и натаму ќе продолжиме со успешно спроведување на владината програма.

Како и до сега, со сите коалицони партнери во власта така и со новиот, очекувам добра и плодна соработка, посочи Ахмети.