Бектеши најави проширување на листата на производи со замрзнати цени

Владата ги очекува податоците од Заводот за статистика за движење на цените во текот на ноември и доколку се утврди дека некои артикли драстично поскапеа, тогаш листата на прехранбени производи со замрзнати цени ќе се прошири, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

УШТЕ ОД УТРЕ  ЌЕ ДОНЕСЕМЕ ОДЛУКА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРОИЗВОДИ. НАЈВЕРОЈАТНО ТОА БИ БИЛЕ ОРИЗОТ И ЈАЈЦАТА КАКО ПРОИЗВОДИ ПОВЌЕ СЕ КОРИСТАТА ОД ДОМАЌИНСТВАТА И Е НЕОПХОДНО ВО НАРЕДНИТЕ ДВА МЕСЕЦА ДА НЕМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ. МНОГУ Е ВАЖНО ДА СЕ НАВЕДЕ ФАКТОТ ДЕКА ОДЛУКИТЕ НЕ ВАЖАТ ЗА ДЕНЕШНИТЕ ЦЕНИ, ТУКУ ВАЖАТ ЗА ЦЕНИТЕ КОИ БИЛЕ ФОРМИРАНИ ОД ТРГОВЦИТЕ НА 1 ДЕКЕМВРИ И ЌЕ ВАЖАТ ДО 31 ЈАНУАРИ, РЕЧЕ БЕКТЕШИ.