Бектеши на Косово во потрага по јаглен

Испорака на јаглен за непречено работење на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј е причината за официјалната посета на министерот за екомија Крешник Бектеши на Косово. Тој се сретна со својата колешка Артане Ризваноли а на средбата беше договорено да се направи и потпише Меморандум за разбирање меѓу Македонија и Косово со кој ќе се обезбедат потребните количини јаглен за производство струја од домашните енергетски капацитети. Колку јаглен ќе се увезе од Ксоово и по која цена официјална информација нема.

МНОГУ СМЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ДА ЈА ПРОДЛАБОЧИМЕ СОРАБОТКАТА ОСОБЕНО ВО ОДНОС НА НАБАВКА НА ЈАГЛЕН ОД РЕПУБЛИКА КОСОВО ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ТЕРМОЦЕНТРАЛИТЕ БИДЕЈЌИ КАПАЦИТЕТИТЕ ВО ОДНОС НА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА ЈАГЛЕН НИ СЕ ОГРАНИЧИЕНИ И ИМАЈЌИ ПРЕДВИД ДЕКА КОСОВО ИМА ЗНАЧИТЕЛНИ РЕЗЕРВИ СМЕТАМЕ ДЕКА ТЕХНИЧКИТЕ ТИМОВИ ТРЕБА ДА ИЗНАЈДАТ РЕШЕНИЕ КОЕ ЌЕ БИДЕ ВИН-ВИН И ЗА КОСОВО, НО И ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ БЕКТЕШИ.

Според двајцата министри бенефитот ќе биде обостран бидејќи во одредени месеци од годината Косово увезува струја токму од Макњедонија.

А во меѓувреме почна испораката на јаглен од Косово без кој Осломеј немаше да биде рестартиран бидејќи немаше речиси ништо како резерва.

Надлежните уверуваа дека на депонијата во РЕК Битола има доволчно количество јаглен и нема опасност од намалување на капацитетиот на производство на струја во Комбинатот.

Од идната недела треба да се стави во фукнција и ТЕЦ Неготиносо капацитет на двата блока од 180 мегавати за кој се набавени 36 илјади тони мазут.