„Беса транс“ продолжува со туристички тури од јануари

„Агенцијата „Беса Транс“ продолжува со организирање туристичи тури од јануари“, објави ТВ 24. Од редакцијата се јавиле на телефонскиот број на агенцијата и од таму им одговориле дека со турите за Истанбул продолжуваат од јануари, но се уште немаат точни датуми за екскурзиите кои ќе ги организираат.

Во автобуската несреќа што се случи на 23-ти ноември во Бугарија со автобусот на „Беса Транс“ животот го загубија 45 македонски државјани враќајки се од екскурзија во Истанбул. Истрагата утврди бројни неправилности поврзани со автобусот што имаше незгода, меѓу кои и фактот дека автобусот немал лиценца, а обидот за вонреден инспекциски надзор на компанијата се уште трае. Министерството за транспорт и врски по несреќата веднаш ѝ ја одзема лиценцата на компанијата за превоз на патници