ВИДЕО | Зечевиќ: Заев застана зад Ковачевски зошто смета дека најмногу ќе придонесе за единство во партијата

Социјалдемократите на 12 декември ќе го бираат наследниот на Зоран Зоран на кормилото на партијата меѓу тројца кандидати: Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Јован Деспотовски. 

Својата кандидатура за лидер на СДСМ ја најави и поранешниот организациски секретар Миле Зечевиќ но ја повлече.

-Станува збор за процес на непосредни избори кои за првпат се случуваат кај нас и покажува колку силен демократски капацитет има партијата. Би сугерирал да има повеќе време за кампања, да можат кандидатите да се претстават пред членовите и симпатизерите на партијата. Сепак се три кандидати, кои се долгогодишни и искусни партиски членови, рече Зечевиќ во гостувањето на Утрински брифинг.

-Кога се качуваме накај планината забораваме на оние кои што тргнале со нас по патот додека стигнеме до врвот. И тоа е едно лошо правило. Најважно е внатрешната организација да ја направиш врз принципи каде што ќе го почитуваш секој поединец и нема да заборавиш кој ти помогнал и на каков начин. Имавме плејада на луѓе кои застанаа зад политиките на СДСМ во 2013 година и претходно се до 2017 година. Кога се презема власта во една тешка и специфична ситуација со два проблеми. Во оперативните капацитети мора да покажете апсолутно нешто што им е потребно на граѓаните. Граѓаните може не ги разбираат клучните придобивки од НАТО и ЕУ. Но ние се компарираме, сакаме квалитетен живот, добри улици, квалитетна храна, да живееме во еден простор кој личи и приличи на европско живеење, рече Зечевиќ.

Според него има клучни моменти и мора да се дефинира јасно и прецизно што треба да се постигне.

– Владините прашања се една работа, но луѓето бараат конкретни дејствија. И ако оперативно не ги ставите во една партиска програма која ќе им се предочи на граѓаните, ќе мора да има и реализација за да може луѓето да видат дека влегувате и работите во нивен интерес. Не можете да одите кај народот и паушално да ветувате, дециден е Зечевиќ.

-И ние и тие, сите живееме во Скопје. Трифун Костовски најави трамвајски превоз, Коце Трајановски ја укина, Шилегов најави бас рапид, Данела Арсовска го укина. Не е спорно дека СДСМ работи, ги креираме политиките, ги дефинираме стратешките правци. Но тешките капитални проекти мора да бидат анализирани и планирани. Делницата Скопје – Охрид не е застаната зошто некој не сака да ја прави, туку зошто е паушално направена. Треба да има сериозна анализа пред да се влезе во реализиација на некој проект, рече Зечевиќ.