Видео: Уапсен свештеник во Атина кој го нарече папата неверник

Папата Франциск беше вербално нападнат од постар грчки свештеник кога пристигнал да се сретне со поглаварот на Грчката православна црква, објавија светските медиуми.

 

„Папа, ти си еhttps://youtu.be/K5b8wHC7qSo?t=1ретик“, извикуваше свештеникот, по што падна на земја и беше приведен од полицијата..

Посетата на Грција е прва посета на папа од 2001 година, кога во Атина престојуваше папата Јован Павле Втори, кој тогаш се извини за гревовите што католиците ги направиле или пропуштиле за православните браќа низ вековите.

Христијанството беше поделено на католицизам и православие во 1054 година преку чинот познат како Големиот раскол.