Владици и свештеници на кино

Голем дел од владиците на МПЦ-ОА, монаси и свештеници, како и верници беа меѓу гостите на премиерата на документарниот филм, „Божји чоевк“, посветен на животот на Свети Нектариј Егински.

Вчеравечер имавме ретка можност за неформална дружба со владици и свештеници на МПЦ-ОА со кои го проследивме премиерното прикажување на филмот ,,Божји човек”, дело на режисерот Јелена Поповиќ, кој е прекрасна биографска драма за животот на Св. Нектариј Егински, современ светител со потекло од Грција. Филмот е на редовниот репертоар на Синеплекс и вреди да се погледне, напиша директорот на Комисијата за односи со верските заедници Дарјан Сотировски на фејсбук.

Премиерата на филмот беше вчеавечер во Синеплекс.