Акционерското друштво „Славија“ кое вреди околу 20 милиони евра, ќе се продава за нешто повеќе од 218 илјади евра – опозициската ВМРО-ДПМНЕ предупредува за скандал и брутален грабеж. Агенцијата за управување со одземен имот, организира аукција на 27, 28 и 29 декември – каде купците ќе може да се наддаваат а почетната сума ќе биде 218.535 евра – 100 пати пониска сума од последната проценка на имотот во 2016 година.
Владата на СДСМ и криминалниот картел од Струмица кој што е на чело со премиерот во заминување Зоран Заев се подготвува да ја продаде АД Славија, односно да ја купи некој со нивни амин за багателна цена, далеку од онаа вредносната АД Славија која што има вредност со целиот свој имот, со сите свои објекти од над 20 милиони евра целата фирма, власта на СДСМ, власта на премиерот во заминување Зоран Заев сака да го продаде целиот тимот, целото земјиште, сите објекти на АД Славија и целата фирма АД Славија за 218.535 евра, односно 4285 акции по цена замислете од 51 евро по акција и тоа на само 2 дена пред новата година – изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека директорот на Агенцијата за управување со одземен имот бил соучесник, во како што велат, криминалниот картел, и веќе било договорено, овој имот да го купи човек близок до Вице Заев. Дополнително што отвора дилеми, велат од ВМРО-ДПМНЕ, е што се организира продажба на државен имот на кој не е направена проценка повеќе пд пет години.
Ајде сега да ја разгледаме целата постапка. Најпрвин, никаде, ама баш никаде Влада на Република Македонија нема направено нова проценка, согласно законските обврски од Бирото за судски вештачења, која што би ја нарачало нормално владата за да се утврди колку чини имотот, објектите и целата фирма АД Славија – изјави Арсовски.
Продажба на АД Славија се организираше и во 2012 година кога Бирото за судски вештачења целиот имот го процени на околу 25 милиони евра. Тогаш сопствеништвото и управувачкиот пакет над акциите на Славија беше пренесено на Агенцијата за конфискација со сите 4285 акции поради павосилна судска пресуда за сторено кривично дело на доминантниот сопственик.
Алфа тв