Голема акција во Србија, полицијата снимала акција на апсење 11 педофили (ВИДЕО)

Полицијата во Србија во голема акција уапсила 11 лица осомничени за педофилија, јави српското министерство за внатрешни работи.

Припадниците на МУП, Одделот за сузбивање високотехнолошки криминал СБПОК во соработка со Специјалното обвинителство за борба против високотехнолошки криминал на јавното обвинителство во Белград, уапсија 11 лица поради постоење основан сомнеж дека извршиле кривични дела прикажување, набавување и поседување порнографски материјал и искористување малолетни лица за порнографија, искористување мрежа или комуникација со други технички средства за извршување кривични дела против половата слобода кон малолетно лице и полово вознемирување“, објави српски МУП.