Дебата во Топ Тема: Зошто владата не ги замрзна цените на основните продукти на нивоата пред поскапувањата?

Ѓаволот од тука одамна ја однесе шегата и граѓаните имаат се понизок и понизок животен стандард, обвини пратеникот Љупчо Пренџов во вечерашната Топ Тема на Телма на која се дискутираше за замрзнувањето на цените на основните прехранбени продукти.

ЈАС ПАЗАРАМ СЕКОЈДНЕВНО, СЕ Е ПОКАЧЕНО. ТУКА ИМА ЕДНА БИТНА РАБОТА ШТО НЕ ЈА РАЗМИСЛИВТЕ И НАПРАВИВТЕ. ВО ЈУЛИ МЕСОТО БЕШЕ 240 ДЕНАРИ, ВО АВГУСТ 270, СЕГА Е НАД 300, ОДГОВОРНА ВЛАДА ПРВО ГИ ГЛЕДА ЦЕНИТЕ НА ПРОДУКТИТЕ ВО ЈУЛИ И АВГУСТ, ПОТОА ВЕЛИ ГИ ЗАМРЗНУВАМ НА НИВО ОД МЕСЕЦ ЈУЛИ, И ТОА ЌЕ БЕШЕ ДОБРО ЗА ГРАЃАНИТЕ. ВЕЌЕ ИМАМЕ НАЈВИСОКА ИНФЛАЦИЈА НА БАЛКАНОТ, ИМАМЕ ПОВИСОКА ИНФЛАЦИЈА И ОД КОСОВО, И ТРЕБА ДА СЕ ЗАСРАМИМЕ, РЕЧЕ ПРЕНЏОВ.

Според него мерките се прават, како и мнозинството други работи во владата, „купи ден, продај“.

НО ЕКОНОМИЈАТА НЕ МОЖЕМЕ ТАКА ДА ЈА ТРЕТИРАМЕ, ГРАЃАНИТЕ СЕКОЈДНЕВНО ОСИРОМАШУВААТ, ИМААТ СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ СО ПОЛНЕЊЕТО НА КОШНИЧКАТА. ЈАС ВИ РЕКОВ И ВО СОБРАНИЕТО, ТЕШКО НА ТАА ДРЖАВА КАДЕ САМО МИНИМАЛНАТА ПЛАТА РАСТЕ А СИТЕ ДРУГИ СТОЈАТ, РЕЧЕ ПРЕНЏОВ.

Министерот Бектеши тврди дека одлуката за замрзнување на цените е донесена врз основа на податоците од Заводот за статистика, и наместо да одговори зошто не се замрзнати цените на нивоата од летните месеци, пред големите поскапувања, ги читаше податоците за цените од месец октомври

НИЕ НЕ МОЖЕМЕ ДА НОСИМЕ ОДЛУКИ БЕЗ ДА ИМАМЕ ВЛЕЗ НА ИНФОМРАЦИИ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ. ЗА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ, СОГЛАСНО СТАТИСТИКА, СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ 2,3 ПРОЦЕНТИ ЗГОЕМУВАЊЕ, А ОВОЈ ВИКА 30 ПОСТО, 1,7 МЕСОТО, МЛЕКОТО 0,7 ПОСТО, ВАКВИ ПОДАТОЦИ И ПОНИСКИ БИЛЕ ВО СЕПТЕМВРИ. НЕ МОЖЕ СЕРИОЗНА ВЛАДА ДА НОСИ ОДЛУКИ БЕЗ ВАКВИ ПОДАТОЦИ. ВО СЛУЧАЈ АКО ИМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ И ЗА 1,5 ПСОТО И ЗА 2 ПОСТО, ЗА МЕСЕЦ НОЕМВРИ ЌЕ ДОНЕСЕМЕ И ТАКВА ОДЛУКА, ТВРДИ БЕКТЕШИ.

Пренџов рече дека пред три години потрошувачката кошничка изнесувала 32.000 денари а денеска таа е 34.000.

ТОА СЕ 24.000 ДЕНАРИ ГОДИШНО, ЕДНО СЕМЕЈСТВО Е ВО ЗИЈАН ШТО СТЕ ВИЕ НА ВЛАСТ. ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ДВА ОДМОРА НА ДЕЧИЊАТА, ЛЕТУВАЊЕ ИЛИ ЗИМУВАЊЕ, ВЛАСТА ИМ ГИ ЈАДЕ ПРЕКУ НЕСПОСОБНОСТА ДА КРЕИРА НОРМАЛНА ЕКОНОМСКА ПОЛИТИКА, ОБВИНИ ПРЕНЏОВ.